Бебешко Креветче бесплатно

1
min read
A- A+
read
Бебешко Креветче
Делукс Двокреветна Соба со Бебешко Креветче

Во обид да станеме најдобриот хотел во регионот ние се впуштивме на пат да го направиме нашиот хотел повеќе семејно ориентиран. Тоа вклучува повеќе адаптации, реновирања и изготвување на нов концепт за повеќе простории и нашиот работен процес.

Денес со радост ве известуваме дека направивме еден бебешки чекор во таа насока :) Додадовме бебешко креветче кон нашата понуда. Ние исто така решивме да го понудиме тоа креветче бесплатно за било која резервација. Престојот за деца до 3 години е исто така бесплатен. Ова креветче доаѓа припремено со душек, перница и постелнина. 

Ова бебешко креветче е за деца до 3 години. Доколку Вашето дете е повозрасно треба веќе да размислувате за изнајмување на соба со нормално дополнително легло. Ве молиме контактирајте ја нашата рецепција за специјални попусти за деца. 

Забележете дека бебешкото креветче нема да го собере во нашите економик соби. Било кој друг тип на соба е соодветен за истото.