Соработка со Expedia

1
min read
A- A+
read
Expedia Logo

Мерак ни е да Ве информираме дека успешно навлеговме во договор за соработка со огромен и успешен портал за резервации и патување Expedia. Овој портал користи строги стандарди за верификација на објекти, како би се осигуриле дека клиентот го добива тоа што го гледа и дека услугата е на ниво на рекламата. 

Зошто патниците би сакале да ја користат Expedia? Овој портал за патување е доста популарен за резервации на летови и рентакар и е доста популарен со резервирање на пакети. Патникот со бирање на пакет би резервирал лет, возило и хотел одеднаш. Ваквите пакети се предмет на попусти кои што се најпопуларни кај честите патници.

Ние сме горди да најавиме дека сме дел од овие програми со пакети, и дека патниците заинтересирани да ја посетат Македонија ќе го добијат Хотел Кристал Палас како дел од понудата за пакет. 

Зошто ја започнавме оваа соработка? Сопствениците на Хотел Кристал Палас, преку едно од нивните патувања низ САД, беа изненадени од тоа колку е лесно да се креира и резервира посебен пакет, кој што ги покрива сите потреби. Овој процес беше брз и на секој чекор беше доста јасно што добива патникот, со разни опции за надградба понудени на секој чекор.