Бизнис Настани

Тивок хотел со погодни услови и простории за бизнис настани. 

  • Конференциска Просторија во Хотел Кристал Палас
  • Конференциска Просторија во Хотел Кристал Палас

Нашиот хотел е правото место за организација на Вашите бизнис активности. Безразлика дали се работи за мал состанок или поголем настан, ние сме тука за вас.

Големите достигнувања на човекот се резултат на преносот на идеи добиени од ентузијазам

Моментално можеме да ги задоволмие Вашите потреби за секакви настани од најмалите па до поголеми конференции до 200 лица. Имаме разни простории за бизнис настани, и воедно сме во процес на креирање на уште неколку дедицирани простории за состаноци.

Можеме да обезбедиме основна техничка опрема која што ја имаме во сопственост на нашиот хотел, како: видео проектор, основен систем за озвучување, флипчарт табла и платно за проектирање. Друга напредна опрема може исто така да се обезбеди во соработка со наши партнери.

Нашиот персонал во ресторан ќе Ви помогне со Вашите кафе паузи или други потреби за храна. Доколку ни дадете агенда за Вашиот настан, Вашите нарачки за храна и пијалаци ќе бидат секогаш приготвени навремено. Можеме исто така да дискутираме и за разни опции за коктели и лесна храна.

Групи на Услуги