Општи Услови

Следниве Општи Услови се применливи на сите резервации направени преку оваа веб страна. Ве молиме за момент да ги прочитате пред да извршите резервација.

Правното лице влегува во овој Договор како главна страна за резервации направени за хотелот кој што го поседува и како агент каде што се извршуваат резервации за Хотел кој што го раководи во името на Хотелскиот Сопственик. Потврдата за резервации јасно ќе го прикажува идентитетот на Сопственикот.

Во овие Општи Услови следниве дефиниции се применливи:

1. Дефиниции

  • „Правно Лице“ или "ние" значи Хотел Кристал Палас Прилеп чие што регистрирано седиште е на ул. Ленин бр. 184, 7500 Прилеп, Македонија или соодветно правно лице од иста групација.
  • „Резервација“ значи резервација за сместување, активност или било кои други услуги или добра направена кон нас.
  • „Договор“ е Резервацијата заедно со овие Општи Услови, и/или други Општи Услови наведени при Резервирање.
  • „Хотел“ значи имот за во кој што се прави Вашата Резервација.
  • „Услови“ се овие Општи Услови.
  • „Веб страни“ значи www.kp.com или било која друга веб страна во сопственост или управувана од нас времено поврзана со Хотел.
  • „ДДВ“ значи Данок на Додадена Вредност.

2. Резервации

Сите резервации во Хотелот се предмет на овие Општи Услови.

Во моментот на резервирање или при најава ќе Ви побараме кредитна картичка или детали од истата а Вие ни одобрувате да ја користиме истата за било кој износ што го должите према нас.

Доколку датумот на најава е повеќе од 14 дена во иднина од моментот на резервирање, само ќе ја провериме валидноста на Вашата кредитна картичка. Доколку картичката не е валидна ќе Ве контактираме за да обезбедите валидна кредитна картичка. Доколку не успеете да обезбедите во рок од 48 часа од добивањето на известувањето ние го задржуваме правото да ја откажеме Вашата резервација.

14 дена пред денот на пристигнување ние ќе наплатиме од Вашата кредитна картичка 30% од вкупниот износ на резервацијата. Доколку не успееме ќе Ве контактираме со барање да обезбедите кредитна картичка со доволно средства. Доколку не успеете да обезбедите таква картичка во рок од 24 часа од добивање на известувањето, ние ќе ја откажеме Вашата резервација.

Доколку датумот на пристигнување е помалку од 14 дена во иднина ние веднаш ќе наплатиме 30% како што е наведено погоре. Истата процедура ќе биде следена.

Ние исто така го задржуваме правото да побараме плаќање на целиот износ однапред или друг депозит во моментот на резервирање во одредени околности доколку резервацијата содржи одредени ставки или услуги.

Доколку немате кредитна картичка веднаш ќе биде побарано уплата на полниот износ на резервацијата со банкарски трансфер, без разлика колку далеку е датумот на пристигнување. Доколку плаќањето се извршува од друга држава полниот трошок за трансакција ќе биде на терет на гостинот.

Ниту една резервација нема да се третира како потврдена се додека немаме детали и/или уплата/депозит, како што е наведено погоре.

3. Трошоци

Цените прикажани на Веб страните се просек од ноќевање по лице се додека не се направи конкретен избор. Сите давачки како ДДВ (според моменталната стапка) или туристичка такса се вклучени се додека тоа не е поинаку специфицирано. Минимална должина на престој, депозит, трошок за откажување и други услови може да бидат применливи кон одредени цени, според спецификација. Откако ќе се избере цена на Веб страните, вкупниот износ за Вашиот баран престој ќе се прикаже во резимето на Вашата резервација. Наплатата ќе се врши во локалната валута на Хотелот, а било која валутна калкулација може да се користи само како алатка за процена, погледнете ја Валутната Клаузула за повеќе детали.

ДДВ е индикативно врз основа на моменталната стапка на ДДВ, и очекуваниот ДДВ третман на добрата или услугите. ДДВ ќе доспее според моменталната стапка применлива во моментот на фактурирање или издавање на потврда за Резервација, и може да се промени во зависност од актуелната стапка и ДДВ третманот на добра и услуги купени во тој датум.

Ценовник за дополнителни добра, како ресторански оброци или собна услуга, се прикажани на релевантни локации во Хотелот и се достапни на барање.

4. Време за Пријава / Одјава

Во интерес на безбедност и избегнување измама, во моментот на пријава, гостите задолжително мора да го потврдат својот идентитет со обезбедување на референца од резервација и нивни пасош/лична карта/возачка дозвола. Ако гостите се надвор од Македонија ние сме задолжени со закон да им побараме број и место на издавање на нивниот пасош / лична карта. Овие записи ќе се чуваат најмалку 12 месеци и може да се достават или обезбедат за инспекција на било кој полицаец или според законските прописи поврзани со превенција или истражување на криминал. Информациите погоре може да бидат побарани за секој член од Вашата група со возраст над 16 години и ние го задржуваме правото да одбиеме прием на лица кои што не можат да ги обезбедат горенаведените информации.

Се додека не е поинаку прикажано на потврдата за резервација, Гостите може да се пријават во било кое време по 13:00 часот на денот на пристигнување. Сите соби кои што се обезбедени со кредитна / дебитна картичка или претплатени во моментот на резервирање ќе се задржат до 22:59 на денот на пристигнување освен доколку е поинаку договорено со Хотелот. Било која необезбедена резервација ќе се задржи до 16:00 на денот на пристигнување по кој што момент хотелот ќе има право да ја реиздаде собата, освен во случаи кога гостинот го известил хотелот за касно пристигнување.

На денот на заминување ги замолуваме гостите да ги напуштат собите до 11:00 (освен во случаи кога касното напуштање е наведено како дел од Вашата резервација). Касното напуштање е предмет на достапност и ќе се наплати по час на дискреција на Хотелот.

Собите се предмет на правила за максимален број на луѓе поставени од страна на Хотелот. Ако Ви требаат повеќе детали ве молиме контактирајте го Правното Лице или Хотелот.

5. Плаќање

Ги прифаќаме следниве методи на плаќање: кредитни картички: Мастеркард, Виза; дебитни катрички - Маестро, Виза/Делта и Виза/Електрон и готовина.

Во моментот на пријава / пристигнување сите услуги за сместување ќе бидат потполно наплатени (цена на соба, ДДВ, други давачки и други трошоци за услуги).

За време на Вашиот престој Хотелскиот систем ќе ги калкулира сите дополнителни услуги на сметка на Вашата соба на дневна основа. Хотелот ќе Ви наплати за дополнителни услуги на крајот на Вашиот престој. Ние го задржуваме правото да ви побараме плаќање за дополнителни услуги и во текот на Вашиот престој со одредена зачестеност. Доколку не ги платите трошоците за дополнителни услуги во текот на Вашиот престој, хотелот го задржува правото да го прекине Вашиот престој.

6. Политика за откажување и непојавување

Можете да ја откажете Вашата резервација без трошок до 12:00 по наше локално време 14 (четиринаесет) дена пред денот на пристигнување. После овој момент има трошок за откажување и ќе биде наплатен од Вашата кредитна картичка оставена во моментот на резервирање. Го задржуваме правото да наплатиме до 30% од вкупниот износ на резервацијата доколку се откажувањето се изврши после дефинираниот момент на откажување.

Непојавување ќе биде наплатено 100% од вкупниот износ на резервацијата.

Доколку добиете право на рефундирање според нашата политика за резервирање и откажување, рефундирањето ќе биде извршено на истиот начин како што беше извршено првичното плаќање, кон истата страна која што го изврши плаќањето. Во спротивно го задржуваме правото да го откажеме рефундирањето. Доколку рефундирањето се извршува како дознака кон странска сметка трошоците за истото ќе бидат на терет на гостинот.

7. Наплата или Откажување од страна на Хотелот

Многу ретко ќе имаме потреба да ја откажеме Вашата Резервација. Во такви околности ќе Ви бидат вратени сите средства и нема да имаме понатамошна одговорност кон Вас која што би потекнувала од вакво откажување. Како и да е ќе направиме разумни напори и обиди да ја реалоцираме секоја потврдена резервација откажана од наша страна на алтернативна локација слична во стандард како Хотелскиот.

Вашата резервација е за генерална класа на Хотелска соба и не Ви гарантира дека ќе Ви биде одобрено да останете во специфична соба или во истата соба за време на целото траење на Вашиот престој. Ако има потреба да Ве преместиме во различна соба за време на Вашата резервација за соба во која што е достапна и пониска цена од цената по која што сте резервирале, ќе Ве рефундираме за разликата во цени.

8. Штета

Го задржуваме правото и Вие тука ни одобрувате да наплатиме од Вашата кредитна или дебитна картичка за секоја штета направена во Вашата соба или во Хотелот за време на Вашиот престој (вклучително но и без ограничување на потреба од специјално чистење) или за ставки кои што недостигаат по Вашето заминување.

9. Пристап

Во зависност од Вашите индивидуални потреби селекција на специјално дизајнирани соби ќе се обезбеди во нашиот Хотел.

Ве молиме контактирајте ја Рецепцијата на +389 (0)48 418-000 за разговор за специфични индивидуални потреби и достапност на соодветно сместување, и ќе направиме се за да ги исполниме Вашите потреби.

10. Одмор и опуштање

Гостите кои што престојуваат во нашиот Хотел можат да ги користат хотелските содржини за време на нивниот престој. Услов за користење на содржините е да се придржувате со нивните правила. Копија од истите е достапна на влез на секоја содржина. Може да се бара наплата за користење на некои содржини, Ве молиме прашајте во Хотелот за повеќе детали.

Во одредени моменти, дел од хотелот може да е недостапен заради реновирање, лоши временски услови или други причини вон наша контрола. Ќе се обидеме да ги информираме сите хотелски гости за ваквите околности, како и да е ова може да не е секогаш возможно. Ако некоја содржина е причина за Вашиот избор на овој Хотел, Ве молиме проверете директно со Рецепцијата пред пристигнување.

11. Паркинг

Може да има цена и/или ограничување на простор на паркингот за време на Вашиот престој. Општи услови може да бидат применети за паркингот. Ве молиме директно контактирајте го Хотелот за повеќе информации. Возилата и нивната содржина се оставаат на ризик на сопственикот на истите. Не прифаќаме одговорност за загуба или штета (ако не е поинаку искажано со закон).

12. Малолетници

Деца под 18 години мора да бидат придружувани од возрасен во секое време. Возрасното лице може да биде родител или старател или доколку децата се дел од група, лице претставник на институцијата мора да ги придружува во секој момент.

Достапни се бебешки и екстра кревети. Како и да е, овие се лимитирани и предмет на достапност. Дополнителни средства може да бидат побарани. Ве молиме проверете при резервирање.

13. Хотелски Настани

Ве молиме бидете свесни дека во одредени моменти во текот на годината Хотелот може да биде домаќин на свадба, настан и забава, кои што можеби ќе го нарушуваат Вашиот одмор. Ве молиме контактирајте го Хотелот директно пред Вашето доаѓање за повеќе информации.

14. Однесување на гостите

Гостите мора да се однесуваат соодветно во секој момент, во согласност со правилата на Правното Лице и/или барањата во однос на однесувањето кон имотот на Хотелот, вработените и гостите и нивното здравје и заштита. Од Гостите се бара да не го нарушуваат комфорот и уживањето на другите гости, работењето на Хотелот, или да ги навредуваат другите гости или персоналот. Го задржуваме правото да одбиеме сместување или услуги или да Ве отстраниме со другите членови од групата од Хотелот ако, по наше разумно мислење, сметаме дека ова правило е прекршено. Каде што ова е случај ние нема да имаме обврска да Ве рефундираме за загубеното сместување, други услуги или друга загуба или направени трошоци.

15. Забрането пушење

На гостите им е забрането да пушат во собите или другите јавни простории.

16. Миленичиња

Кучиња водичи се прифатливи со претходен аранжман, а другите кучиња може да бидат прифатени, тоа е дискреција на Хотелот, но во спротивно миленичињата не се дозволени во Хотелот.

17. Лични информации

Телефонските повици може да се снимаат во одреден период за наша помош за услугата која што Ви ја нудиме.

Сите лични информации кои што се складираат и користат од наша страна се во согласност со нашата Политика за Приватност, која што е достапна на барање или на нашата веб страна.

18. Виша Сила

Правното Лице не прифаќа одговорност и нема да плати надокнада каде што извршувањето на своите обврски е спречено или под влијание директно или индиректно од или како резултат на Виша Сила или околности вон разумна контролва вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: поплава, земјотрес, екстремни временски услови, природни катастрови, други Господови акти, акти на тероризам, пожар или пад на електрична мрежа, вода или други комунални услуги, компјутери, возила или колапс на зграда.

19. Ограничување на Одговорност

Правното Лице нема да одговара за загуба или оштета на било каков имот оставен во Хотелот, освен во рамки на законските норми во Р. Македонија.

Правното Лице нема да биде одговорно за било каква индиректна, последична или чиста економска загуба или загуба на профит, добра волја или можност (без обзир дали е причинета од небрежност на Правното Лице, неговите вработени, изведувач, агент или слично). Вкупната одговорност на Правното Лице нема да ја надмине вредноста на направените трошоци во Хотелот според овој Договор.

Ниту еден дел од Договорот или било кој друг рефериран или вклучен документ може да се чита или конструира како исклучување на одговорност за смрт или лична поврда предизвикана од несовесно работење на Фирмата или обврска за измама или измамничко однесување.

20. Владини Закони и Јуриздикција

Договорот и било кои не-договорени обврски кои што потекнуваат од договорот се предмет на Македонските Закони.

Македонските судови имаат ексклузивна јуриздикција за одредување на било кој спор поврзан со Договорот, вклучувајќи и спорови поврзани со било кои не-договорени обврски.

Секоја страна неотповикливо се откажува на било каков приговор кој што би го имале сега или покасно во однос на случаи изнесени на Македонските судови (на основа дека Македонските судови не се соодветни или слично).

21. Информации на Веб Страна

Иако сите разумни напори се направени за да се осигури точност на информациите на Веб Страните, Правното Лице не прифаќа одговорност за грешки или пропусти и го задржува правото да дополни, откаже или измени било каков аранжман прикажан на Веб страните без претходно известување. Ве молиме забележете дека во одредени околности се користат генерички фотографии за приказ на општ стил или одреден призвод или Хотелот.

Содржината на Веб Страните е заштитена од страна на Правното Лице, и не може да се копира, репродуцира, објавува, дистрибуира или дополнува за било какви други цели без претходно издадена писмена согласност.

Логото кое што се користи на Веб Страните е сопственост на Правното Лице. Линковите до веб страни на трети лица се обезбедени за Ваша практичност. Не можеме да прифатиме одговорност за содржината или употребата на веб страните на тие трети лица.

Веб Страните се одржуваат од страна на Правното Лице.