Бесплатен Приватен Паркинг

Мапа на бесплатен приватен паркинг во Хотел Кристал Палас
Бесплатен Приватен Паркинг во Хотел Кристал Палас
Бесплатен Приватен Паркинг во Хотел Кристал Палас

Поради тоа што нашите опции за јавен транспорт не се блескави, повеќе посетители кои ја посетуваат Македонија, пристигаат во Прилеп со некој вид на лично возило. Може тоа да е кола која сте ја зеле од дома, или кола која што сте ја изнајмиле тука. Поради ова ние се погриживме да обезбедиме безбеден паркинг бесплатно, кој е повеќе од потребен за скоро сите наши гости.

Кога Армагедон ќе се случи, паркингот ќе биде сериозен проблем.

Како што нашиот хотел се зголеми ние додадовме уште еден паркинг простор во непосредна близина. Поголем дел од времето има слободни места на еден од двата паркинг паростори.

Инвалидизирани лица секогаш треба да изберат паркинг бр. 1. Целиот хотел е лесно достапен без скалило од овој паркинг. Доколку треба да очекуваме вакво лице, Ве молиме известете ја нашата рецепција однапред за да обезбиме соодветно паркинг место. Моментално работиме на план за обезбедување на фиксно паркинг место за инвалидизирани лица, со посебен влез и посебна инфраструктура која што ќе им помогне да се движат полесно.

Паркинг за автобуси

Двете паркинг места се соодветни за голем автобус. Препорачуваме да се користи паркингот број 1, заради тоа што влезот е поблизу, со што дистанцата за пешачење со багаж е значително пократка. Доколку имате потреба од помош за багаж за Вашата група, контактирајте ја рецепција однапред. Го задржуваме правото да побараме дополнителна наплата за овој вид на услуга.

Безбедност на бесплатниот паркинг

Освен ретките гребнатини на возила, друг поголем инцидент на нашиот паркинг не сме имале. За да бидеме безбедни во план е и систем за видео надзор во двете паркинг области. Понатамошно известување на нашата веб страна ќе биде објавено кога ќе се случи тоа.