Отворање на хотелот после големата криза Ковид 19

1
min read
A- A+
read
Празни авиони

Кризата Ковид 19 затвори се поврзано со туризам, па тука е и нашиот хотел. Се надеваме дека најлошото е позади нас и дека можеме полека да отпочнеме со реизградба на нашите животи и работни места.

Затоа решивме да ја напишеме оваа кратка најава, дека, почнувајќи од 04.05.2020, ќе започнеме со примање на резервации за нашите соби. Ресторанот останува затворено, како што е наложено од властите, се додека се дозволи негово отварање. Забраната за настани е исто така сеуште на сила, што значи дека почнуваме со работа само со нашите соби. Свесни сме дека границите се затворени и дека странците сеуште не можат да влезат во Македонија, но има нешто интерес од нашите домашни гости и ние можеме да ги услужиме на безбеден начин.

Наредните месеци, можеби и повеќе од цела година, ќе биде особено тешко за нас, затоа што многу приходи, кои доаѓаат од сите видови на услуги со храна и пијалаци и настани се за нас недостапни. Ние ќе се обидуваме да преживуваме во месеците кои доаѓаат. 

Мерките имплементирани кога започна пандемијата, сеуште ќе бидат на важечки и контактот со нашите вработени ќе биде минимален. Доручекот сеуште ќе биде опција, но ќе биде лимитиран на пецива и други мали ставки на храна кои може да бидат поставени во собата на гостинот еден ден претходно.

Ќе Ве известуваме секогаш кога ќе можеме и кога ќе бидеме спремни да отвориме и други делови од нашиот хотел во наредните недели. Ви благодариме за Вашата лојалност и соработка со нашиот Хотел Кристал Палас сите овие години.