Хотел Кристал Палас достапен со "Купувам Домашно!" картички и "Дома си е дома" ваучери

1
min read
A- A+
read
Doma si e doma terasa

Во изминатиот месец, работите почнаа полека но сигурно да се придвижуваат кон позитивно. Ново воведените закони и правила за работа, дозволија поголема флексибилност за сите угостителски објекти, така што и ние го зголемивме бројот на достапни услуги за сите наши гости. 

Со почетокот на овој месец (Јуни, 2020 година), хотелот официјално нуди и ресторански услуги паралелно со собите кој што беа достапни за странски и домашни гости од месец Мај. 

Бидејќи сме свесни за сите проблематики кој што би можеле да се појават при набавки и припрема на храна, изминатата недела изготвивме комплетен протокол на работа за ресторанот и кујната, со што би биле заштитени сите наши гости и персонал. Поради тоа, моментално, исклучена од употреба е утринската шведска маса и сите појадоци за гостите кој што ноќеваат кај нас се доставени секое утро до нивната соба кој што се во веќе херметички затворен амбалаж.

Во текот на денот, сите гости можат да уживаат во пријатниот амбиент на нашата летна тераса и ресторан, каде секој ден од 06:00 до 22:00 часот на располагање е нашето мени за храна и пијалаци. Терасата и ресторанот се уредени според сите ново воведени правила за социјална дистанца со што е запазено растојанието измеѓу секоја маса и бројот на седишта на истите. 

Воедно, во моментот според ново воведените закони, достапна е и конгресната просторија, во која што е достапна за настани до 30 учесници кој би биле раздвоени до 1,5 метар еден од друг. 

За сите дополнителни информации достапни сме 24 часа и ќе Ве известуваме за нови услуги кој што ќе ги нудеме во иднина. Се надеваме дека за брз период ќе имаме и повеќе информации околу организирање на поголеми настани и прослави. 

Ви благодариме за Вашата лојалност и соработка со нашиот Хотел Кристал Палас сите овие години.