Вработуваме!

1
min read
A- A+
read
Вработуваме

Нашата работа расте и имаме потреба од одлични и амбициозни луѓе да се придружат на нашиот тим. Ќе имате можност да работите со интернационални гости, да учите и да се стекнете со уште повеќе вештини и да напредувате. Што можете да очекувате од нас?

  • Флексибилност со работни саати околу Вашите универзитетски обврски
  • Еден загарантиран слободен ден неделно
  • Бесплатна обука за јазици или други вештини како што излегуваат можности
  • Флексибилност со работни саати околу Вашите семејни обврски
  • Слобода за експериментирање и предлагање на нови идеи
  • Плата која расте заедно со Вашите перформанси и вештини

Работник на рецепција

За оваа позиција го добивме посакуваниот број на кандидати. Останува отворен огласот за готвач. 

Вашите дневни обврски вклучуваат, но не се ограничени на:

  • Менаџирање со активностите на рецепција како што е регистрација на гости (пријава / одјава)
  • Управување со соби и достапност
  • Почитување на стандарди за услуга на гости
  • Менаџирање на резервации
  • Регуларна комуникација со други вработени и менаџмент за гости и целокупното хотелско работење
  • Управување со сметки и фактури на гости

Кандидатот/кандидатката мора да ги исполнува следниве минимални услови:

  • Добро познавање на Англиски јазик, со посветеност од страна на кандидатот да следи дополнителна обука за Англиски
  • Познавање на MS Office и компјутери
  • Добри комуникациски вештини
  • Посветеност на гостите
  • Способност за работа во тим
  • Дискреција

Дополнителни поени се даваат за следново:

  • Диплома од факултет за угостителство / туризам
  • Претходно искуство во угостителство / туризам
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Познавање на втор Европски јазик
  • Проактивност (сам/а да иницира подобрувања на работниот процес)
  • Желба за учење

Платата ќе се преговара и ќе биде во согласност со вештините кои што кандидатот ги носи во нашиот тим и ќе се покачува како што вештините се надоградуваат. Работните саати се организирани во прва, втора и трета смена. Кандидатот / кандидатката ќе биде осигурен во согласност со законите за работни односи во Македонија. 

Готвач - вработен во кујна

Вашите дневни обврски вклучуваат, но не се лимитирани на:

  • Подготовка на нарачки од алакард мени
  • Организација и планирање на ресурси / залихи
  • Регуларно одржување на опремата
  • Одржување на хигиена во кујна на највисоко ниво
  • Подготовка на поголеми групни нарачки за гала настани и други прослави

Кандидатот / кандидатката мора да ги исполнува следниве минимални услови:

  • Искуство со опрема во кујна
  • Познавање на готвачки процедури
  • Добра физичка спремност и кондиција
  • Способност за работа во тим

Дополнителни поени се даваат за следново:

  • Докажано искуство како готвач
  • Диплома од средно угостителско школо или слично
  • Проактивност (сам/а да иницира подобрувања во работниот процес)
  • Способност да креира мени и алакард мени
  • Комуникациски вештини
  • Добро познавање на Англиски јазик

Исто така спремни сме да земеме и неискусен нов кандидат/ка во готвачката професија и да посветиме внимание како би се развил/а во професионален готвач. Платата ќе биде преговарана и ќе биде во согласност со вештините кои што кандидатот ги носи во нашоит тим и ќе се покачува како што вештините се надоградуваат. Работните саати се најчесто организирани во прва и втора смена, но понекогаш се појавуваат и нерегуларни саати, зависно од работните потреби. Кандидатот/ката ќе биде осигурен/а во согласност со законите за работни односи во Македонија.

Каде да аплицирам?

Испратете мејл на baramrabota@kp.mk и вклучете го Вашето CV во прилог. Доколку аплицирате за рецепција вклучете и CV напишано на Англиски јазик. Доколку имате и диплома или сертификат Ве молиме обавезно да ги прикачите истите документи на овој мејл.