Ресторански Услуги

Тивко место каде што можете да уживате во различни видови на храна, пијалаци и одличен сервис.

  • Телешки Мускул
  • Гравче Тавче
  • Колбас
  • Македонска Салата
  • Цезар Салата
  • Македонско Бело Сирење
  • Традиционална Македонска Баклава

Нашиот хотел има и ресторан со алакард услуга. Ресторанот е тивко и пријатно место, топло во зима и ладно во лето. Место каде што можете да се одморите, да ги соберете Вашите мисли и да уживате висококавлитетна храна. Има дополнителна летна тераса.

Нашето алакард ги вклучува сите видови на пијалаци што би ги очекувале, од големите домашни и интернационални брендови. Можете да ги очекувате следниве видови на пијалаци:

  • топли пијалаци како кафе или чај
  • освежителни пијалаци како вода, џус, Кока Кола или природни сокови
  • аперитиви
  • ликери
  • вискија
  • домашни или интернационални пива
  • и одредени прекрасни домашни вина

Изборот на храна содржи и голема варијација на домашни и интернационални јадења:

  • ставки за доручек
  • селекција од висококвалитетни сирења типични за нашиот регион
  • домашни и интернационални салати
  • разни видови на ладни и топли предјадења
  • одредени специјалитети на скара
  • домашни јадења &
  • одредени традиционални десерти
Ресторан во Хотел Кристал Палас
Хотелски Ресторан

Уживајте во нашето мени во нашиот пријатен и тивок хотелски ресторан. Може да собере до 60 лица во разни комбинации за седење. 

Летна Тераса
Летна Тераса

Свежа летна локација со тврд покрив и убав поглед. Најдоброто место за опуштање наутро со топла чорба и кафе. 

Достапност
Секој ден од 10:00 до 22:00
Групи на Услуги

Нешто мени има листа на алергени кои се често дел од храната. Има и детална табела каде што можете да видите која храна треба да се избегнува во случај да имате проблем од некој вид на алергија. Нашето мени Ви овозможува да проверите за следниве алергени:

  • Глутен
  • Јајце
  • Риба
  • Кикиритки
  • Соја
  • Јатка
  • Лактоза

Иако во нашата држава месото е чест дел од јадењето, ние сеуште имаме доста избор за луѓе кои сакаат да избегнат месни производи или било каков продукт кој што потекнува од животно. Има полн опис за секоја ставка од менито каде што можете да ги проверите состојките.

Нашето мени има полна листа на состојки за секоја ставка на храна за да можете да проверите пред нарачка во случај да имате релеигиозна забрана за консумирање на одредена храна.

Доколку одлучите да резервирате една од нашите соби ќе бидете запрашани дали сакате да направите нарачка однапред за некое од нашите домашни специјалитети. Ќе добиете детална листа на ставки каде исто така ќе можете да направите избор на бројот на порции. После тоа ќе добиете и калкулација на вкупната цена на Вашата резервација.