Детска Наградна Игра за Нова 2020 Година

1
min read
A- A+
read
Хотел Кристал Палас за боенка
Прилепска саат кула за боенка

Почитувани,

Зимата и официјално ни пристигна оваа недела, а со неа и почетокот на празничната сезона. Со цел да придонесеме на празничната атмосфера во вашите домови и да го одбележиме почетокот на новата 2020 година, хотел Кристал Палас реши да започне наградна игра за нашите најмлади жители.

Нашиот нов календар за 2020 година вклучува различни мотиви од кои дел се инспирирани од месеците, а дел се мотиви од Прилеп и нашиот хотел. Цртежите се во форма на боенка, па задачата за најмладите е да ги обојат најдобро што можат, а ние ќе ги одбереме најдобрите!

Предвидените награди се следните:

  1. Ваучер за продавница НАМА за играчки или други производи на износ од 3.000,00 денари
  2. Ваучер за продавница НАМА за играчки или други производи на износ од 2.000,00 денари
  3. Ваучер за продавница НАМА за играчки или други производи на износ од 1.000,00 денари

Nama Logo

Се што треба да направите е следново: земете календар од рецепција на Хотел Кристал Палас, тие се бесплатни. Дајте на Вашето дете да обои најмалку 3 цртежи, фотографирајте ги, и испратете ги на nagradnaigra2020@kp.mk. Краен рок за испраќае е до 05.01.2020. Заедно со пораката испратете име и презиме и возраст на натпреварувачот, како и име и презиме и адреса од лична карта од еден родител/старател и телефонски број за контакт. Ова се дел од условите за учество:

  • Мора да го обоите целиот цртеж
  • Мора да имате обоено најмалку 3 цртежи
  • Колку што повеќе цртежи обоите толку ви се поголеми и шансите за награда
  • Доколку сте одбрани, мора да го имате и календарот како доказ. Откако ќе биде проверен лично, ќе биде вратен за да може гордо да се вее на бирото на родителот
  • Учесници може да бидат само деца чиј што најмалку еден родител/старател е жител на Општина Прилеп
  • Во овој натпревар може да учествуваат деца до 10 години. Сите кандидати од 11 години и повеќе нема да бидат земени во предвид. 

Изборот на најдобро обоени цртежи ќе биде на ден 06.01.2020, додека доделувањето на награди ќе биде на ден 07.01.2020. 

Среќна Нова 2020 година, да ја започнеме со желби за повеќе здравје, љубов и знаење.