Надградба на WiFi

1
min read
A- A+
read
Unifi AP AC LR

Нашиот Хотел Кристал Палас константно се држи во чекор со Интернет достапноста од самиот почеток. Првата конекција која се нудеше, беше dial-up конекција за нашите гости од самата соба. Ова беше во далечната 2002 година. Беше тоа платен пристап до Интернет и се користеше само од страна на оние гости на кои што им требаше за нивната работа. Во 2005 ја поставивме првата WiFi конекција од типот b/g. Беше достапна само во одредени делови на хотелот и се работеше за платена конекција. Од тогаш нашата WiFi конекција еволуираше во сервис на кој што можете да се потпирате. 

Нашата последна инвестиција беше очигледна откако погледнавме во порастот на податоци кои што се консумираат од нашите гости. Најголемиот дел од податоците одат кон Youtube, Netflix, Facebook, Instagram и нашите стари пристапни точки од типот N веќе се мачеа да држат чекор. Поставивме одредени мерки како QoS за да ја подобриме стабилноста на клучни сервиси како VOIP повици. Очигледно беше дека консумацијата на податоци само ќе расте, па решивме да ја надградиме целата мрежа и да преминеме на наредно ниво. 

Инвестиравме во 15 пристапни точки со поголем ранг од брендот Unifi кои што обезбедуваат AC тип на Wifi. Овие ги заменија нашите стари пристапни точки од брендот Unifi. Секоја од овие пристапни точки може потполно да ја искористи нашата Интернет конекција со брзина од 200/100 Mbit/s. 

Наредно и понаредно ниво на WiFi надградба

Има уште понов WiFi стандард кој што е дизајниран за иднината, и сеуште не се имплементира ниту во најновите паметни телефони или лаптопи. Епа не можевме да издржиме и купивме две пристапни точки од брендот Unifi од типот HD WiFi. Истите се дизајнирани за простории до 300 лица. Овие уреди имаат практични брзини од 1Gbit/s и можат да обезбедат стабилно работење за било кој тип на стриминг во живо за цели на бизнис настани. 

Во текот на овој процес исто така направивме надградба на нашата мрежа и моментално имаме професионален рутер. Ова значи подобрена сигурност за сите уреди на нашата мрежа. Исто така значи дека можеме да исполниме барања за специјални бизнис настани, за чие што изведување има потреба од посебни мрежни подесувања

Работа која преостанува за во иднина

Поради тоа што WiFi брановите стануваат се погусти, како би пренесувале повеќе податоци, тие ја губат способноста да патуваат низ ѕидови. Треба да разгледаме инсталација на посебни WiFi пристапни точки во секоја соба за најдобро искуство. 

Едно нешто е сигурно. Како што растат потребите на нашите гости ние еволуираме со технологијата, посветени сме да ја следиме, инвестираме и обезбедуваме се што е потребно за удобност и за бизнис.