бизнис настани

Нов VOIP систем со бесплатни повици низ Македонија

VOIP

Почитувани,

Со задоволство ве известуваме за уште една новина во Хотел Кристал Палас. Неодамна направивме надградба на VOIP на целиот наш телефонски систем. Што значи тоа за нашите гости?

Надградба на WiFi

Unifi AP AC LR

Нашиот Хотел Кристал Палас константно се држи во чекор со Интернет достапноста од самиот почеток. Првата конекција која се нудеше, беше dial-up конекција за нашите гости од самата соба. Ова беше во далечната 2002 година. Беше тоа платен пристап до Интернет и се користеше само од страна на оние гости на кои што им требаше за нивната работа. Во 2005 ја поставивме првата WiFi конекција од типот b/g. Беше достапна само во одредени делови на хотелот и се работеше за платена конекција. Од тогаш нашата WiFi конекција еволуираше во сервис на кој што можете да се потпирате. 

Нов бизнис центар наскоро

Нацрт на бизнис центарот

Гордо го најавуваме нашиот прв поголем потег оваа година. Набрзо започнуваме со постапка за реконструкција која што треба да резултира со најмодерниот модуларен бизнис центар во државава. 

Просторот кој што го реконструираме е некогашниот простор зо базен кој што се наоѓа на врв на нашиот хотел. Оваа локација нуди спектакуларен поглед. Вашите бизнис настани ќе бидат пријатни истовремено.