Нов бизнис центар наскоро

1
min read
A- A+
read
Нацрт на бизнис центарот

Три простории за состаноци, една голема и две помали

Нацрт на бизнис центарот
Нацрт на бизнис центарот
Нацрт на бизнис центарот
Поглед од тераса

Гордо го најавуваме нашиот прв поголем потег оваа година. Набрзо започнуваме со постапка за реконструкција која што треба да резултира со најмодерниот модуларен бизнис центар во државава. 

Просторот кој што го реконструираме е некогашниот простор зо базен кој што се наоѓа на врв на нашиот хотел. Оваа локација нуди спектакуларен поглед. Вашите бизнис настани ќе бидат пријатни истовремено.

Да бидеме поспецифични. Што можете да очекувате од нашиот бизнис центар?

  1. Соодветни простории за состаноци од најмалите групи од 5 лица, па се до 200 лица кога целиот простор е една отворена конференциска просторија;
  2. Бар со лице секогаш присутно за секоја потреба на Вашите учесници;
  3. Голема тераса со спектакуларен поглед на Прилеп;
  4. Заеднички простор за седење и релаксација;
  5. Меки подови насекаде;
  6. Модерна опрема за поддршка на Вашите настани;
  7. Корпоративна WiFi конекција;
  8. Специјални менија за секоја Ваша потреба;
  9. И многу повеќе.

Кога можете да очекувате овој бизнис центар да биде завршен?

Ние сме моментално на 90% од фазата планирање. Активностите за реконструкција започнуваат на почеток на Ноември. Доколку е се во ред, ќе завршиме со реконструкција на крај на оваа година. Затоа што одредена понапредна опрема е потребна за ова да функционира, ние нема да се обврземе со точен датум, затоа што набавката на таква опрема може да биде предизвик. Ќе направиме најголеми напори ова да го имаме спремно за првите пролетни настани во 2020. 

Дотогаш следете не редовно, ќе има повеќе вести како ќе течат настаните.