Соработка со Expedia

Expedia Logo

Мерак ни е да Ве информираме дека успешно навлеговме во договор за соработка со огромен и успешен портал за резервации и патување Expedia. Овој портал користи строги стандарди за верификација на објекти, како би се осигуриле дека клиентот го добива тоа што го гледа и дека услугата е на ниво на рекламата. 

Бебешко Креветче бесплатно

Бебешко Креветче

Во обид да станеме најдобриот хотел во регионот ние се впуштивме на пат да го направиме нашиот хотел повеќе семејно ориентиран. Тоа вклучува повеќе адаптации, реновирања и изготвување на нов концепт за повеќе простории и нашиот работен процес.

Денес со радост ве известуваме дека направивме еден бебешки чекор во таа насока :) Додадовме бебешко креветче кон нашата понуда. Ние исто така решивме да го понудиме тоа креветче бесплатно за било која резервација. Престојот за деца до 3 години е исто така бесплатен. Ова креветче доаѓа припремено со душек, перница и постелнина. 

Бесплатен Приватен Паркинг

Мапа на бесплатен приватен паркинг во Хотел Кристал Палас

Поради тоа што нашите опции за јавен транспорт не се блескави, повеќе посетители кои ја посетуваат Македонија, пристигаат во Прилеп со некој вид на лично возило. Може тоа да е кола која сте ја зеле од дома, или кола која што сте ја изнајмиле тука. Поради ова ние се погриживме да обезбедиме безбеден паркинг бесплатно, кој е повеќе од потребен за скоро сите наши гости.

Брзо и Бесплатно Хотелско WIFI

WIFI во Хотел Кристал Палас

Свесни сме дека WIFI е денес на топ листа на барања на госитте. Стана најважната карактеристика за еден хотел. Ние се погриживме за да го решиме тој проблем. Инвестиравме значајни средства што резултираше со одлична конекција. Без разлика каде се наоѓате во нашиот хотел, Интернет конекцијата е секаде со Вас. Секоја соба е покриена со силен WIFI сигнал на секој кат.

Бизнис Настани

Конференциска Просторија во Хотел Кристал Палас

Нашиот хотел е правото место за организација на Вашите бизнис активности. Безразлика дали се работи за мал состанок или поголем настан, ние сме тука за вас.

Големите достигнувања на човекот се резултат на преносот на идеи добиени од ентузијазам

Моментално можеме да ги задоволмие Вашите потреби за секакви настани од најмалите па до поголеми конференции до 200 лица. Имаме разни простории за бизнис настани, и воедно сме во процес на креирање на уште неколку дедицирани простории за состаноци.

Свадби

Банкет хала во Хотел Кристал Палас

Хотел Кристал Палас досега бил домаќин на илјадници среќни моменти за илјадни млади парови уште од 2002. Секогаш сме давале се од себе за да обезбедиме прекрасна околина и ресторанска услуга. Планираме да продолжиме и да се подобруваме.

Апартман

Апартман Дневна Соба

Опис

Апартман опремен и со соодветна цена за подолг престој. Овој тип на соба Ви е потребен доколку престојувате подолго од еден месец во Прилеп. Овие апартмани немаат балкон. Овој апартмен може да се изнајми за престој од минимум 30 дена или подолго.